🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Адеми тврди дека ВМРО-ДПМНЕ саботира Албанци, Мицевски порача „касно е да плашите со војна“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Nikola-Micevski-16.02.2023

Меѓуетничките односи одново тема во Собранието. Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ и Арбер Адеми од ДУИ, двајцата координатори на пратениците, од собраниската говорница се обвинуваа меѓусебно на етничка основа. Адеми тврдеше дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дал наредба на скопски градоначалници да саботираат Албанци кои градат и бараат легализации. Мицевски врати дека ова е „плашење на народот со војна“ кое нема да помине.

— реклама —

„Дали Мицкоски даде наредба на вашите градоначалници да не соработуваат со Албанци? Да не им даваат дозволи за градба на сопственици Албанци и да не се легализираат албанските куќи? Чекаме одговор, фактите ги имаме. Да завршиме со овие политики против Албанците. Тие факти пред јавноста, чекаме од вас да ги кажете“, рече Адеми.

На ова возврати Мицевски.

— реклама —

„Албанците се иселуваат. Не ради Мицкоски, туку поради власта во која долги години сте вие. Заврши приказната со плашење на народот со војни. Поголема војна нема. Народот е гладен. Народот трпи за леб. Да го плашите со војна малку е касно. Не ја обременувајте седницата со процедурални. Нека си одговарат тука на прашањата, ако не ќе дојде ден ќе одговорат во институции“, рече Мицески.

Повторно процедурално обраќање имаше од Адеми.

„Се сложувам со вас кога велите помина времето. Но треба да ги прашате вашите Николоски, Лефков, кои со лаги ја злоупотребуваат говорницата. Внимателно ја следиме анти-албанската кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Вие сте во мртва трка со Левица, кој е најголем анти-албанец. Ова не поминува оти популизмот, национализмот за да се добијат политички поени не носи ништо добро“, рече Адеми.

Мицевски пак, обвини дека Адеми дефокусира со цел премиерот Димитар Ковачевски да не одговори на поставено пратеничко прашање.

„Колку и да пробувате нема да дефокусирате. Да дозволиме да одговорат, не ви поминуваат овие работи ни кај Албанците. Кај Македонците па никако. Ви се ситни поддршката и од тие што имате“, врати Мицевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања