Магазин

Се скараа Ана Николиќ и Карлеуша: Можеш да ми бидеш танчерка на концерт

Поранешните пријатели, а сега ривалки, Ана Николиќ и Јелена Карлеуша, се сакараа преку медиуми и нема карј на навредите. Кавгата почна откако Ана Николиќ најави концерт, аа Карлеуша и кажа дека нема да го дочека. На ова Николиќ ја најави тужбата против Карлеуша која ѝ упати низа навреди, па и рече дека нејзиниот претстоен концерт нема ни да се случи, бидејќи нема ни да го доживее, и дека и е итно потребна помош.

Ана не остана рамнодушна. Таа на Инстаграм напиша :

„Мојата драга Јелена, не можам да кажам и колешка (бидејќи не знае да пее), очигледно се грижи за мене. Би и препорачала да се врати кај соиграчите на бившиот сопруг и да се допишува со нив бидејќи немам време за неа. Моментално во студио пеам нова песна која зборува за љубовта, а дотичната не го знае значењето на тој збор и не би сакала утре да си го расипам впечатокот за себе и за публиката, бидејќи морам внимателно да испеам неколку хармонии. Може да ми биде гостинка на концертот во Белградска Арена на 7 октомври 2023 година, но како танчерка во танцова група“ – напишала на Николиќ на Инстаграм.

На почеток