🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Мицкоски: Простувањето е личен подвиг во кој човекот ги победува своите слабости, недостатоци и грешки кои сите ние ги имаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски испрати честитка по повод празникот Велики поклади – Прочка

— реклама —

Честитката ви ја пренесуваме во целост

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници им го честитам празникот Велики поклади – Прочка.

— реклама —

Простувањето е личен подвиг во кој човекот ги победува своите слабости, недостатоци и грешки кои сите ние ги имаме.

Во најдлабоката суштина на сето ова е стремежот да бидеме подобри, почовечни, да ги сакаме ближните и да се бориме за работите кои веруваме. Во центарот на таа борба е иднината на нашите семејства, пријателите, народот, иднината на нашата Македонија. А, за тоа е потребно волја и верба, чист образ и многу работа.

И во тој контекст никогаш не ми е тешко да ја побарам прошката за работите кои можеле да бидат поинакви и подобри, од моите блиски, соработниците, од народот во кој цврсто верувам.

Човечки и исправно е да се побара прочка од оние кои му значат на човека.

Но воедно тоа не значи и немање на одговорност за сите оние кои си поигруваат со заедничката иднина на сите и го прават живот потежок.

Само заедно, едни до други, со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина.

Нека е честит празникот Велики поклади - Прочка!

Нека е за многу години!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања