Ванковска за иницијативата за Заедница на албански општини: Ништо не е случајно, одиме кон федерализација


Професорката Билјана Ванковска се огласи на социјалните мрежи во врска со иницијативата за Заедница на албански општини.
„Не знаеш кога се полоши: во влада или во опозиција?
Иницијатива по излезот од Влада – „Алтернатива“ бара формирање на Заедница на албански општини во Македонија, како реципроцитет на она што меѓународната заедница го бара од Косово, да формира Заедница српски општини.
Но, проблемот не е во Алтернатива, бидејќи Алијанса на Села тоа го бараше уште пред нејколку години, а Изет Меџити и сега јавно го бара тоа („ако 3 отсто Срби може да го добијат тоа на Косово, зошто 30 отсто Албанци да го немаат во Македонија“).
И ништо не е случајно – консоцијацијата води кон федерализација. Тоа го напишав пред 15 години во колумна „Македонија е федерација, ама нема кој да ѝ каже““, вели Ванковска.
