🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Илиеска до Битиќи: Таканаречените економски реформи ви се задоцнети, тоа требаше да го направите многу поодамна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Slika-1-1

Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во стадион на Канал 77 зборуваше за политиките на власта предводена од СДС и ДУИ и потенцираше дека владата мора да има политики зад кои што ќе стои и ќе воведува реформи кои што ќе се спроведуваат. Имено таа укажа дека за вакви политики е доцна зошто оваа влада е веќе на власт 6 години и такви политики требало да ги спроведе уште од поодамна.

— реклама —

-Ретерирањето, неизвесноста и неконзистентноста на политиките создава кај компаниите, во стопанствениот сектор, но и кај граѓаните една неизвесност, една несигурност и граѓаните не се чувствуваат комотно во опкружувањето и е една од сериозните причини за кои што луѓето на добри работни позиции планираат и секојдневно ни се иселуваат. Мора да имате политики зад кои што ќе стоите и ќе воведувате реформи кои што ќе се спроведуваат, но не сега 6-та година од владеење, туку тоа требаше да се направи многу одамна. Сега имаме уште една година за да видиме она кое што не се сработило во минатите 5 години, ќе се успее да се сработи последната година, рече таа.

Илиевска во текот на своето гостување се насочи и кон иселувањето на граѓаните од државата и потенцираше дека главна причина поради која граѓаните си заминуваат од државата е можноста односно неможноста за работа и атмосферата во државата.

— реклама —

-Нашата цел сметам дека првенствено треба да биде насочено кон задржување на нашето работно способно население кое секој ден буквално не се одлива, туку бега од Република Македонија. Јас доаѓам од Прилеп и секој ден се соочувам со овие приказни, во помалите места тоа се чувствува многу повеќе отколку во главниот град, но можноста за работа и атмосферата во државата е она која буквално ги брка нашите граѓани од Република Македонија, додаде Илиевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања