Коментари

Апасиев: Премиер кој свесно оди против народната волја не е наш премиер! Тоа е вазал на туѓи бели дворови и така треба да го третираме

Ако во минатото се слушал гласот на народот, Македонија денеска ќе била без Рамковен договор и надвор од НАТО, вели премиерот Димитар Ковачевски.

„Во 2001 ние ќе немавме Рамковен договор, ако ги погледните анкетите пред Преспанскиот договор, ние денеска немаше да бидеме во НАТО, ако ги погледнете анкетите при прифаќањето од страна на Собранието за заклучоците за европскиот предлог и скрининг процесот, па ние уште ќе го немавме отпочнато скрининг процесот, исто и сега, лидерството е да донесете одлука за сегашните и идните гернерации, а не да се криете позади народот“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус преку кој ја искоментира изјавата на премиерот.

„Премиер кој на прес-конференција свесно изјавува дека оди против НАРОДНАТА ВОЛЈА, не е наш премиер, другари!

Тоа е вазал на туѓи бели дворови и како таков треба да го третираме.

#МарионетскиРежим

#Антимакедонизам“, вели Апасиев.

На почеток