🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Ги штитиме граѓаните, од денеска намалени цени на млечните производи и тестенините, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните со одговорни мерки и политики, вели СДСМ

— реклама —

„Од денеска цените на млекото и на млечните производи се намалуваат за 10, а на тестенините за 15 проценти, со стапувањето на сила на одлуката за замрзнување на нивните цени.

Од денеска сите граѓани ќе купуваат поевтино млеко, јогурт, сирење, урда, павлака како и макарони и шпагети.

— реклама —

Ова е второ замрзување на цените годинава. Прв на листата беше белиот и полубелиот леб, кој сега се продава по цена од најмногу 33 денари.

Замрзнувањето на цените е направено врз основа на внимателни и детални анализи и пресметки, со кои се заштитуваат граѓаните, а не се оштетуваат компаниите.

Надлежните институции ќе ја следат состојбата на терен, а компаниите се обврзани да ја почитуваат одлуката.

СДСМ нема да дозволи некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза, која несомнено ги погодува сите.

Во време на криза, никој не е оставен сам. СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања