Коментари

Анастасовска: Јанкулоска уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени

Гордана Јанкулоска е поголем маж од бившите колеги и претпоставени, вели адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска за екс министерката за внатрешни работи.

Таа на Фејсбук изрази поддршка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на која, во затворот „Идризово“ не ѝ е дозволено да ги оствари сите права кои ги имаат затворениците-мажи.

„На Јанкулоска ѝ е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, работно ангажирање и сл., погодности кои се достапни ако си осуденик -маж. Поддршка за овој глас за борба за еднакви права на жените, независно што доаѓа од казнено-поправна установа и што има директен интерес. Борбата за рамноправност не смее да бидеј ограничена во својата поддршка зависно од тоа дали ни е симпатичен оној кој за истата цел се бори. Таа треба да е апсолутна во својот корен, во основата на својата идеологија. Јанкулоска секако, уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени“, пишува адвокатката.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска е дискиминирана врз основа на пол, е мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

„Се утврдува директна дискриминација врз основа на пол во областа на правосудство и управа, од страна на Управата за извршување санкции, врз Гордана Јанкуловска. Се утврдува дискриминација на врз основа на пол од страна на Управата за извршување санкции врз лица од женски пол од Република Северна Македонија“.

Вакво мислење на 16 март донела Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, постапувајќи по претставка од Гордана Јанкуловска поднесена на 22.12.2022 година, преку адвокатот Влатко Илиевски, кој е и нејзин сопруг, против Управата за извршување санкции.
Јанкулоска, осудена за случајот „Тенк“, издржува затворска казна во времетраење од четири години, од 28 септември 2020 година, во „Идризово“.

На почеток