„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Ќе бидат ли новите регистарски таблички на трошок на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
registracija

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју за Радио Слободна Европа,најави дека е можно да се донесе решение за регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните.

— реклама —

Тој рече дека наместо да се плаќа од 1.400 до 1.500 денари за нови регистерски таблички на кои наместо ознаката „МК” да стои ознаката „НМК” можно е оваа давачка да изостане и да се најде решение само со налепници.

Оваа обврска произлегува од Преспанскиот договор, но во тек е дебата за начинот како ќе биде спроведена, по големиот број реакции дека обновувањето би ги чинело граѓаните вкупно 11 милиони евра.

— реклама —

„Веќе имаме формирано работна група во МВР којашто работи токму на овој аспект бидејќи разговаравме и со министерот за транспорт и врски, имаме комуникација преку МТПС со ‘Макамтранс’ затоа што промената подразбира и промена во документацијата, дозволите и т.н и за мене е најважно што може да се помогне за сите. Знаеме дека обврската е до наредната година да бидат променети табличките како што е впрочем и со документите и мислам дека за многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните. Јас така барем се надевам и очекувам со тоа што од друга страна ќе мора да се стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа како решение. Мора да направиме комбинација којашто ќе биде од интерес на граѓаните меѓутоа и да имаме сериозна одговорност. Така што, налепниците се една од опциите, меѓутоа кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните. Секако дека нас ни е најважно да бидат задоволни граѓаните“, рече Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања