„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Хациендата дивоградба го вознемири Груби, дали тој лично стои зад овој нов криминал, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
grubi

Секој ден излегуваат нови и нови скандали за Артан Груби. Затоа е толку нервозен. Не му помагаат веќе ни киселите насмевки, ни ширењето лаги, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Најновиот криминал во кој е вмешан Груби е градба на голема куќа без документи во Бутел. Овој објект го гради неговиот братучед, без дозвола, без потребни документи, а тоа е спротивно на закон. Тоа што Груби се вознемирува за фактот што општината ја запрела градбата, отвора сомнеж дека можеби тој стои зад овој нелегален имот.

Залудно е тоа што Артан Груби секогаш кога е фатен во тесно се повикува на етничка припадност и се заканува. Јасно е веќе како ден. Никој веќе не им верува на неговите приказни. Аферата со деловниот простор на неговиот брат, фирмата за баждарење, продажбата на хотелот на Попова шапка, тендерот за надзор вреден 22 милиони евра, а сега и дивоградбата се само мал дел од портфолиото скандали на Груби и редно време е обвинителството да се позанимава посериозно со овој лик“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања