🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Трпиме сајбер напади затоа што сме едни од најголемите помагатели на Украина, вели новиот заменик министер за одбрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230406222412

Сајбер нападите врз Македонија се направени поради помошта што нашата земја и ја даде на Украина во борбата за одбрана на нејзината територија и граѓаните, против руската агресија. Ова го изјави новиот заменик министерот за одбрана Тирон Јајага во емисијата Клан Дебата.

— реклама —

Според Јајага, досега имало седум пакети различни донации од Министерството за одбрана за Украина.

„Според бројот на населението, Република Молдавија е меѓу првите 5 земји како најголеми придонесувачи за помошта на Украина и тоа е исклучително ценето од сите членки на НАТО“, рече Јајага.

— реклама —

Зборувајќи за сајбер нападите, кадарот кој доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците појасни дека се прават максимални напори против сајбер нападите, искористувајќи го целиот капацитет што го има земјата, но од голема помош се ресурсите што, според него, ги нуди НАТО.

„Ние ги користиме ресурсите, помошните капацитети на НАТО, без разлика дали се помошни, или сите видови капацитети што ни ги обезбедува НАТО. Во моментов се подготвува Стратегија за заштита од сајбер напади во која се вклучени повеќе државни органи“, рече Јајага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања