Македонија

Пендаровски две години немал конструктивен разговор со Радев: За танго треба двајца

Шефот на државата, Стево Пендаровски изјави дека нема контакти со бугарскиот колега Румен Радев. Пендаровски објасни дека последен пат кога се видел со него било лани на Мини самитот за енергетика во Софија.

Во гостување во централниот дневник на „Сител“, претседателот Пендаровски рече дека во изминатите две години немал ниту еден конструктивен разговор со Радев.

-„За танго треба двајца. Објективно изминативе две години Бугарија имаше серија на провокации кон нас и излезе со аргументи за наша блокада кон ЕУ каква што немало во историјата на ЕУ. Ниту една држава не блокирала друга држава со тоа што викала „Вие не сте тоа што мислите дека сте“. Да зборувате за идентитетска политика и да викате дека јас не сум Македонец и дека само ако ги сменам сите учебници ќе можам да напредувам кон Европа… Ние може да глумиме средби, но последниве две години практично немам ниту еден конструктивен разговор со Радев“, изјави Пендаровски.

За неговите изјави со кои предизвика реакција во Софија, Пендаровски рече дека поважна му е реакцијата на граѓаните во државава, отколку реакцијата од Софија.

На почеток