🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Ноќеска по полноќ е изгаснат пожарот што ја зафати прилепската фабрика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
image-186019

Ноќеска по полноќ е изгаснат пожарот што ја зафати прилепската конфекција „Тила“, а поранешна фабрика за чевли „Борка Левата“. Прилепските пожарникари со часови се бореа со огнената стихија која прво ја зафати покривната конструкција со сончевите панели.

— реклама —

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, пожарот започнал во 13:20 часот вчера, а е изгаснат 35 минути по полноќ. Во текот на целото гаснење на пожарот интервенирале вкупно 20 пожарникари со 10 противпожарни возила.

На помош на пожарникарите им беа и три цистерни од јавните комунални претпријатија. Пожарот беше локализиран во доцните попладневни часови, но имаше горливи материјали и пожарникарите работеа до полноќ. Засега не се знааат причините за избувнувањето на пожарот на објектот кој беше празен, а соседи до објектот слушнале пукање како да е во прашање инсталација.

— реклама —

Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања