„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

„Српските медиуми се голема причина за тоа што се случи во Белград, но, овој смрдлив талог од горе ни се спушта, набрзо мечката ќе заигра и на наша врата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари

Новинарот Даниел Евросимоски на социјалните мрежи се огласи во врска со вчерашната трагедија во Белград. Тој вели дека српските медиуми се голема причина за овој настан, и додава дека за среќа Македонија не е забегана до тој степен на медиумско-политичко славење на насилство.

— реклама —

„Не знам дали е главна, но српските медиуми се голема причина за тоа што денеска се случи во Белград. Младите од Србија преку телевизорите доручкуваат, ручаат и јадат приказни за клановски пресметки и сликовити описи за тоа како некој бил убиен, сомлен, заклан или раскасапен. Тука се и најголемото дно од таблоиди кои на криминалното подземје му даваат џет-сет статус на насловните страни, и кои уживаат во тиражите и кликовите кои ги носат приказните за хулиганскиот шљам, насилниците од секојдневието и ријалити-гнасите и нивниот одвратен речник.

Социјалните мрежи се посебна приказна. Таму башибозукот и просекот диктира вредности. Сè што медиумите го нудат, "ботовите" стократно го засилуваат. Идоли на младите се ништожници и измамници чија главна цел е да направат реалност на "Ние" против "Тие".

— реклама —

На крајот ја имате власта, која сето ова го контролира и диригира во позадина бидејќи ги има поклопено 90% од медиумите. Од најобичниот партиски полтрон, па сè до претседателот ваквиот говор на омраза го распалуваат преку ТВ екраните нормализирајќи го насилството. Опозицијата, пак, има наседнато на овој свињарник во политичкиот ринг и со власта се валка во срањето кое секојдневно се сервира на илјадници млади.

Ако секој ден се збори за насилството како доблест, за злото како стил и за шундот како идеал, не чуди што резултатот е овој. Македонија, за среќа, не е забегана до овој степен на медиумско-политичко славење на насилството, иако некои елементи од овој рецепт го гледавме во 2013-16, а заживува и последниве години. Но, овој смрдлив талог од горе ни се спушта и набрзо мечката ќе заигра и на наша врата“, вели Евросимоски.

https://twitter.com/evrosimoski/status/1653816144996753411?s=20

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања