🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Дојде време еден Стојанче Ангелов да го уценува Али Ахмети, вели Меџити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
izet-medziti-696x398

Изет Меџити денеска се јави со своите први изјави по одлуката на ДУИ да го промени него и уште четворица членови на Централното претседателство на „интегративците“. Влијателниот член на ДУИ рече дека претседателот на партијата, Али Ахмети, како што вели, се спуштил на тоа ниво да може лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, како коалиционен партнер да го уценува.

— реклама —

Ова следува откако Ангелов вчера објави дека премиерот Димитар Ковачевски и Ахмети се подготвени да разговараат за барањето на „Достоинство“ за обештетување на бранителите. Меџити вели дека најновиот срам за ДУИ е потклекнувањето пред поранешниот бранител Стојанчо Ангелов, заради социјалдемократите.

„Господинот Ахмети ги оквалификува како ултиматуми или како огромни неприфатливи барања кои ќе служат за зајакнување на ДУИ, но во исто време гледаме ултиматум од Стојанче Ангелов, кој нема ни пратеник во Собранието, само за да не ги доведе во опасност 4-5-тте илјади гласови на неговиот партнер СДСМ, прифатен е ултиматумот за бранители, заборавајќи ги војниците на ОНА. Сè ова говори дека ДУИ е заробена од диво месо и платеници, узурпатори кои се таму за интереси и функции“, рече Меџити.

— реклама —

Од Огнената група велат дека ќе продолжат да бидат дел од ДУИ како фракција, користејќи ги сите демократски форми и нема да се откажат од ограноците кои ги граделе и тоа не се однесува само на Чаир и Сарај.

Ниту денеска од ДУИ не објаснија врз основа на кој член од статутот на партијата го темелат едногласниот заклучок за смена на петте членови на Централното претседателство. Последната комуникација со медиумите беше во петокот пред влезот на средбата во Речица, кога Ахмети рече дека нема да се зборува за разрешувања. Но, потоа од партијата изразија жалење што Изет Меџити, Муса Џафери, Блерим Беџети, Висар Ганиу и Невзат Бејта самите си заминале од највисокото тело на партијата, но тоа тие го негираа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања