🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Џафери ќе ја предводи делeгацијата за Св.Кирил и Методиј во Ватикан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
dzaferi-3

Претседателот на Собранието , Талат Џафери, од денеска до задутре ќе ја предводи државно – црковната делегација во чест на светите браќа Кирил и Методиј во Ватикан. Тој ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”.

— реклама —

Спикерот по повод празникот за просветителите, утре ќе присуствува на аудиенција кај Папата Франциск, а потоа тој ќе има средба и со државниот секретар на Светата столица - кардиналот Пјетро Паролин.

Покрај Џафери, ќе присуствуваат и пратениците Соња Мираковска, Дафина Стојаноска, Арбер Адеми, генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници Даријан Сотировски, директорката на Институтот за македоснки јазик Елена Јовановска Грујовска, митрополитот европски г. Пимен, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отец Митко Газинковски од Македонската православна црква- Охридска архиепископија и отец Зоран Стојанов од Католичката црква.

— реклама —

Делегацијата на Република Северна Македонија ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил, а потоа ќе ја разгледа изложбата на македонскиот уметник Решат Амети, која е поставена во амбадсадата на Светата столица.

Во четврток, на 25 мај, претседателот на Собранието ја завршува посетата на Рим и Ватикан со средба со претставниците од Центарот за изградба на светилиштето на Мајка Тереза.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања