„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Лога-Маленица во Шибеник: Хрватска преку своите искуства и идеи ќе го помогне евроинтегративниот процес и реформите во нашата држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
0

Зајакнувањето на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска во делот на правосудството како и градењето на капацитетите за водење на преговорите во делот на Поглавјето 23: ,, Правосудство и темелни права”, беа главните теми на кои во Шибеник разговараа министерот за правда Кренар Лога и министерот за правда и администрација на Хрватска, Иван Маленица.

— реклама —

На средбата се разменија мислења за прашања преку кои нашата држава може да извлече практични и корисни искуства од Хрватска значајни за евроинтегративниот процес.

Разговарано е за процесот на ветинг како и организирање на заеднички работилиници на кои ке се разменат мислења за најдоброто можно решение.

— реклама —

Една од темите на разговор беше процесот на дигитализација кој во Хрватска бележи голем напредок и дава огромни резултати.

Министерот Лога го покани Маленица ва официјална посета на Скопје. Поканата беше прифатена со задоволство од хрватскиот министер кој изрази подготвеност неговата држава да ни помогне во сите реформски и евроинтегративни процеси. Договорено е да се потпише и Меморандум за соработка меѓу двете министерства.

На билатералната средба која се одржа на маргините на Самитот за сајбер криминал на Југоисточна Европа во Шибеник,се разговараше и за искуството на Хрватска во сузбивањето на организираниот криминал и корупција, како и за имплементацијата на билатералните договори меѓу двете држави и закондавната агенда.

Самитот го организираше Министерството за правда и јавна администрација на Република Хрватска и Министерството за правда на САД и на него учествуваат високи претставници на земјите од Југоисточна Европа и САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања