Скопје

Арачиновци лути на ЕВН – им исклучиле струја за пумпите за вода поради долг од 2006 година наваму?!

Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, се жали за „неправда“ од ЕВН, кој досега го толерирал неплаќањето на сметките за електрична енергија за пумпите за вода, но пред три дена им ја исклучил струјата и оттогаш жителите на општината немаат вода.

„Имаме континуирана комуникација со компанијата ЕВН и побаравме доколку ваква толеранција се прави со години од 2006 година, на водоводот или на пумпите кои ја потрошиле таа струја да не им се издаваат фактури. Не е завршена финансиската обврска и како е можно наеднаш да се бара сиот тој долг. Иако ми понудија неколку рати, тие рати се неприфатливи. Побарав одредена форма на олеснување за тој финансиски товар за кој, сепак, сум заинтересиран да понудам, но да понудам тоа што можам“, изјави Ибрахими за ТВ 21.

Од ЕВН исклучувањето на струјата го објаснуваат со непочитување на договорот за плаќање на долгот на рати.

„Општина Арачиново има постоечки договор за плаќање на рати на наталожениот долг за струја, кој не е испочитуван. Компанијата ЕВН понуди дополнителен договор за плаќање на наталожениот долг на рати, бидејќи овој долг е голем и натрупан“, велат од ЕВН.

Покрај вода, во Арачиново нема ни јавно осветлување.

На почеток