Коментари

Не стивнуваат реакциите по гафот на пратеничката од СДСМ: Заев стана Маргарет Тачер, а папата Јован Павле Втори заменет со Аца Лукас

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека тој е привремен претседател на Украина. Таа дури и погрешно го напишала, како „спикерот на украинската Врховна рада Олександар Турчинов“. Таа додава и дека тој воедно ја извршува привремено и функцијата претседател на Украина.

Набрзо, под нејзината објава Стефанчук се огласи со коментар за да објасни дека тој не се вика Олександар Турчинов и дека не ја извршува привремено функцијата претседател на Украина.

„Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володимир Зеленски“ – ѝ напиша Стефанчук на пратеничката од Македонија. Руслан Стефанчук е на чело на Врховната рада од 2021 година.

По овој гаф на пратеничката на СДСМ, ја пукнаа со шеги и на Твитер.

На почеток