Магазин

Во сообраќајка загина актерот Трит Вилијамс

Американскиот актер Трит Вилијамс, чијашто речиси 50-годишна кариера вклучува главни улоги во телевизиската серија „Евервуд“ и филмот „Коса“, загина во сообраќајна незгода во американската сојузна држава Вермонт.

Како што соопшти полицијата, вчера околу 17 часот, Вилијамс со својот мотор удрил во теренско возило, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во медицинскиот центар во Њујорк, каде што била констатирана неговата смрт.

Вилијамс беше номиниран и за наградата „Златен блобус“ за неговата улога во мјузиклот „Коса“ во 1979 година.

На почеток