Коментари

Ковачки до Ковачевски: Видовме колку сте самостоен во одлучувањето кога Ви ја искинаа оставката

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека ако тој бил ставен на црната листа на САД, не само што ќе дал оставка, туку ќе го сметал и за најголем пораз. Оваа изјава доаѓа откако беше прашан дали струшкиот градоначалник Рамиз Мерко треба да се повлече од функцијата која ја извршува.

„Јас да се најдам на листата на САД, не само што ќе дадам оставка, јас тоа ќе го сметам за најголем пораз во мојата лична и професионална кариера“, рече Ковачевски, по што на социјалните мрежи се огласи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неизбран премиере, Вие се најдовте на црната листа на македонскиот народ кога одбивте да облечете униформа и лажно се претставувате дека имате трајно ограничување.
Вие го предадовте македонскиот народ во 2001 година, го предадовте и со бугарскиот договор и сега зборувате за чест и морал.
Пародија.
* А кога зборувате за оставки, видовме колку сте самостоен во одлучувањето кога Ви ја искинаа оставката.
Не смеете ниту оставка да поднесете ако не Ви дозволат Али Ахмети и Талат Џафери“, напиша Ковачки.

To Top