Професорката и активистка, Катерина Колозова, на Фејсбук истакна зошто учениците препишувале.
„ Нормално дека ќе препишуваат кога се охрабрува папагалско учење и се допушта само еден можен одговор - дури и за литература. Доста по децата! Секој е мотивиран да учи ако му дозволат да МИСЛИ и ако не го казнат со свои зборови (иако точно) штом се изрази. Знаете дека по литература за секое дело има multiple choice, дури и за прашања што вклучуваат *интерпретација* а има само еден можен одговор? Системот е ДЕФЕКТЕН. Според тоа - НОРМАЛНО дека ќе препишуваат. Вистинско знаење и мислење - значи пониска оцена! Така е поставен самиот ДИЦ, таква му е филозофијата, стандардите, а гимназиите се прилагодуваат. Некои искомплексирани полуучители кои конечно добиле малку власт да „инспекторираат“ и глумат интегритет, нека не ви ги „отвараат очите“ за очигледното - не е така“, напиша таа.