„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Посветеноста кон активната транспарентност продолжува и во иднина, поставивме златен стандард од кој не отстапуваме, велат од Министерството за одбрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
srbija-odbrana

Министерството за одбрана уште еднаш ја потврди својата максимална отвореност, но и транспарентност кон граѓаните. И оваа, како и претходните две години, одбраната е лидер во активната транспаренентост, повторно со исполнети 100 % од предвидените критериуми за активна транспарентност според мерењето на Центарот за граѓански комуникации, информираат од оваа институција.

— реклама —

Изминативе години, како што дополнуваат, процесот на активна транспарентност во Министерството беше поставен и формално, со носењето на правилникот за транспарентност во Министерството за одбрана, кој ги утврди сите информации кои се јавно достапни, воспостави ефикасен процес на ажурирање на податоците и воведе нови правила за лесна достапност на овие информации за сите граѓани.

„Одбраната постави и нова веб-страница со линија за транспарентност, која стана наш златен стандард од кој не отстапуваме. За Министерството, останува исклучително важен процесот на информирање во односот на инвестирањето во безбедноста – одбранбениот буџет, јавните набавки и процесот на модернизација. Посветеноста кон активната транспарентност продолжува и во иднина преку постојно следење и имплементирање на сите новини во делот на транспарентноста како основа за целосна информираност на граѓаните за сите процеси во одбраната“, посочуваат од Министерството за одбрана.

— реклама —

Министерството, појаснуваат, направи исклучителни чекори напред во активната транспарентност имајќи предвид дека на првото мерење во 2016 година го зазедовме 45. место. За само неколку години, прецизираат во информацијата, во 2020, одбраната се искачи на првото место со 97,9 %, а од 2021 година го зазеде првото место со максимални 100 % исполнетост на критериумите.

Според МО, под активна транспарентност се подразбира објавување информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања