„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Единствена Македонија: Силен шамар за марионетата Заев од Мицотакис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

„Марионетската власт на Зоран Заев доби силен шамар и тоа директно од лидерот на Нова демократија и најверојатно новиот грчки премиер по скорешните избори во Грција, Кирјакос Мицотакис.

— реклама —

Мицотакис во неговиот говор во грчкиот парламент за време на расправата по повод ратификацијата на Договорот за промена на името, порача дека процесот на интеграција на Скопје кон Европската Унија не е поврзан со Договорот и дека тој како премиер ќе стави вето на патот на Македонија кон ЕУ и одбива да го напушти ова право на вето кое го нарече право на грчката татковина.

Со ваквата изјава на Мицотакис излезе на виделина страшното предавство на Зоран Заев со кое избриша се што е македонско во замена за некакво обично ветување за преговори за членство во ЕУ кое не може со сигурност да се тврди дека и ќе се реализира во наредните дваесетина години а прашање е дали до тогаш ќе опстане Европската унија.

— реклама —

За предавството на македонските национални и државни интереси, одговорност мора да има.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси бидејќи ќе следи поништување на сите антимакедонски и антидржавни акти како што се Договорот за промена на името кој е спротивен на домашното и меѓународното право, двојазичниот закон за јазична федерализација како преодна етапа кон територијална федерализација и Одлуката за пристапување на Македонија во членство во НАТО“, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања