Коментари

Маневски до Агелер: Треба да му се извините на македонскиот народ, до кога ќе го омаловажувате и навредувате

Поранешниот министер Михајло Маневски, преку социјалните мрежи и се обрати на амбасадорката Анџела Агелер.

„Го ставивте Орце Камчев на специјална листа на Министерството за финансии на САД, поради тоа што го разоткри и се затвори КИМИНАЛНОТО СЈО, на вашата “KEJTI”.
Тоа СЈО спроведуваше криминална агенда и беше ли Ваш инструмент за политичка пресметка со поедини членови од опозицијата во Македонија?
Неосновано и срамно е тоа што наведувате дека со неговите активности на корупција се загрозувал на Западен Балкан!!?? Дури лажно му калемите и својство на “СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ”, а тој никогаш немал такво својство..
Го запишавте на некаква листа на вашето МФ најуспешниот бизнисмен на Македонија.
Толку ли ве погоди растурањето на тоа криминално СЈО?.

Амбасадорке АГЕЛЕР,
Треба да му се извините на македонскиот народ. Зошто ги штитите вистинските криминалци?
Знаете кој зеде 7 милиони евра за спречување на втор мобилен оператор во Македонија што го утврди американски Окружен суд? Тие не ги ставате на никаква ЦРНА ЛИСТА? Зошто ги штитите?
Треба ли да знаете дека во Македонија живеат МАКЕДОНЦИ, а не “северномакедонци”. Зошто за г-дин Јордан Камчев наведувате дека е северномакедонец? Jordan Kamcev “nasionality Nort Мacedoniа”?

До кога ќе го омаловажувате и навредувате македонскиот народ?“, стои во објавата.

На почеток