Македонија

Инвестицијата на Назиф Дестани во „Еуромакс“ е врзана со концесиите за Иловица

Спојувањето на концесиите за рудникот Иловица е еден од условите кои морало брзо да бидат исполнети за холандската фирма „НД Груп“, во сопственост на тетовецот Назиф Дестани да може да стекне уште поголем колач од сопственоста на канадската компанија „Еуромакс Рисорсес“ (Еуромакс), која подолг период го турка проектот за отварање на рудник на бакар и злато во струмичко, пишува Дома

Спојувањето на двете концесии на „Еуромакс“, „Иловица 6“ и „Иловица 11“ е важен чекор за натамошен развој на проектот „Иловица – Штука“, се вели во неревидираниот финансиски извештај на „Еуромакс“, објавен за првото тримесечје од 2023 година на берзата во Канада.

Во документот се опишува правната борба којашто компанијата ја водеше пред Управниот и Вишиот Управен суд којашто на крајот резултираше со враќање на едната одземена концесија, а потоа финишираше и со одлука на Владата за спојување на концесиите, иако таква обврска не стоеше во одлуката на Управниот суд.

Во документот, издаден пред да се одобри спојувањето на концесиите, „Еуромакс“ ја навестил можноста да покрене арбитражна постапка ако не биде одлучено во негова корист.

Билансот на компанијата покажува дека заклучно со 31 март се издадени над 490 милиони единици (удели), со вкупна вредност од 82 милиони 132 илјади канадски долари. Од нив, над 101 милиони единици од јануари се во рацете на компанијата на Дестани. Половината налози зависеа од спојувањето на концесиите, другата половина зависат од добивањето дозвола за експлоатација на база на спојката на концесиите.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток