Ковачки со порака до ДУИ и СДСМ: Веќе немате време ниту за реновирање на затворите, а ви кажавме на време


По објавата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ дека нејзиниот автомобил е искршен на социјалните мрежи се огласи Драган Ковачки кој порача дека секој оној што мисли дека нема да има одговорност и ќе се пазари после промената на власта, длабоко се лаже.
Згрозен сум од кршењето на возилото на нашата портпаролка и член на ИК Марија Митева која секојдневно ги изнесува скандалите и криминалите на ДУИ и нивните потрчковци од СДС.
Со овој кукавички чин по кој се познати ДУИ и СДС, кои се плашат да се соочат со институциите кои сами ги водат, уште еднаш потврдуваат дека:
1. Тоа што го зборуваме е точно,
2. Крајот на бандава на власт на ДУИ и СДС е блиску и
3. Стравот од одговорност после промената на власт е голем.
Секој оној што мисли дека нема да има одговорност и ќе се пазарат после промената на власта, длабоко се лаже.
Компромис со криминалци нема да има.
Одговорност ќе има.
Еве две пораки до ДУИ и СДС:
1. Веќе немате време ниту за реновирање на затворите. А ви кажавме на време,
2. Тоа што мислите дека се заканувате на жена која ќе отстапи само затоа што е жена, сте погрешиле. Колку и да звучи сексистички, но жените во ВМРО се поголеми мажи од сите ваши мажи заедно.
