„Замисли влагаш у маркет и им викаш ја сум од Слупчане, сметкава макс. 3 илјадарки ќе ја куцаш, разбра“
Жителите на Слупчане ги условуваат екипите на ЕВН, за да им дозволат да влезат во селото. Наместо слободен пристап до трафостаницата, вработените во компанијата, тврдат дека се соочуваат со вербални и физички напади.
Жителите им поставиле низа услови, а реакциите на социјалните мрежи се бројни.
Жителите на Слупчане со неколку клучни барања – да им бидат отпишани долговите од милиони евра, да плаќаат максимално 3000 денари по домаќинство, без разлика колку струја ќе потрошат и верските објекти да не плаќаат воопшто.
Ова се дел од реакциите на социјалните мрежи
Наплати ми колку за 4 фамилии у Слупчане и еве ти 600 денари за чоколадо да се облажиш малку pic.twitter.com/1CxzvDPLOD
— 100Marki (@100deutschemark) July 26, 2023
Дечки понудава од вчера за 3000 денари во струја во Слупчане останува или ја намалија на 2500 денес?
— 100Marki (@100deutschemark) July 27, 2023
@VladaMK #дуи на денешнава седница одлучија инсталација на сончеви колектори на споменикот од учк ,со што ''граѓаните'' од слупчане нема да плаќаат за струјата која ја користат од #евн
— Кланот (@KlanotMKD) July 27, 2023
Купувам куќа у слупчане
— Батко ви (@vlatceS) July 27, 2023
Амбасадата на Република Слупчане во с.Македонија каде е? сакам да аплицирам за азил… слушам таму се било на државна сметка….
— Влахов (@Mislitelot21) July 27, 2023
🤣🤣🤣 Влеговме во Слупчане!Јас сум лево. https://t.co/5ezfeRHLj2
— една _ Македонка ☀️ (@Vesna221091663) July 26, 2023
Да се избрише стариот долг за струја на жителите на Слупчане, за да можат на раат да не го плаќаат новиот долг.
— v0ki (@voyoob2) July 26, 2023
Да беше Слупчане македонско село, до сега ќе им ја исклучеа од прв ден, ќе ги тужеа, ќе им пратеа полиција да ги здрват од ќутек!
— Командант Марк (@milanzng) July 26, 2023
Да им кажеме на Amazon да отворат AZ во Слупчане? Месечен трошок за струја 50 евра. Има најголем дата-центар на балкан да направат.
— Bojan Gavrovski (@bojang) July 26, 2023
Од кај им бе на Слупчане пари за да плаќаат по 3000 денари сметка за струја?
— 100Marki (@100deutschemark) July 26, 2023