Македонија

Жителите на Слупчане се семејни луѓе, станува збор за поединци кои треба да бидат санкционирани, вели Ковачевски

За проблемите со прекинот на струјата во Слупчане, премиерот Димитар Ковачевски рече дека во ова липковско село се плаќа струја, но дека се работи за одредени поединци кои прават проблеми.

„Не станува збор за револт кај жителите на Слупчане, тие се семејни луѓе. Станува збор за некои поединци кои треба да бидат идентификувани и санкционирани. Сите производи на нашите маркети доаѓаат од руралните места како Слупчане и тие луѓе плаќаат струја. Се работи за повеќе лица“, рече Ковачевски.

To Top