Коментари

Најчевска за неплаќачите на струја: Каков договор е склучен жителите на Слупчане, и какви договори се направени во Сарај и Арачиново

Секој што троши струја треба да ја плати, а бунтот во Слупчане ќе се реши на ист начин како што беа решени и Арачиново и Сарај, уверуваше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Жителите на Слупчане вчера го условија ЕВН да им ги прости долговите, најголемите сметки да бидат 3.000 денари и новите куќи бесплатно да се приклучат за да им биде дозволен влез на екипите во селото.

Професорката Мирјана Најчевска прашува каков договор е направен во Сарај и Арачиново, и зошто се прават посебни договори во места каде има мнозинско население од конкретна етничка заедница?

„Нека објават каков договор е склучен со жителите на Слупчане. И многу ме интересира какви договори се направени во Сарај и Арачиново/ И зошто се прават посебни договори само во места каде што е мнозинско население од конкретна етничка заедница?
Мислам дека овде треба да се вмешаат неколку надзорни тела ако останал еден единствен човек во нив кој не е купен или заплашен“, вели Најчевска.

На почеток