Коментари

„Тој ќе излезе за пет години, може и за помалку, Магдалена дали ќе излезе од онаму каде што е“, реагираат граѓаните по намалувањето на казната

Апелациониот суд од Скопје му ја намалил затворската казна од 18 на 8 години на возачот Ангелче Николов (28) од Велес, кој лани на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и избега.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи во врска со намалувањето на казната.

„Ова се последиците на назначување судии и обвинители по слободен избор од гостите по чајџилниците во западна Македонија“, вели поранешниот обвинител Војо Димоски.

„Пијан со мерцедес, со 120 км на саат, удира во Магдалена 11 годишна и бега од местото на несреќата. Ја убил.
Значи не бил доволно пијан да не знае шо направил. Избегал без да се обиде да и помогне, што му е должност. Ко двапати да ја убил.
Само 8 години затвор?
Па тој ќе излезе за пет. Може и за помалку.
Магдалена дали ќе излезе од онаму каде што е?
Дали било кој од нејзините блиски ќе излезе од таму? Пошо и они ко да се умрени сега.
Тоа е убиство од небрежност.
Во Скопје се тркаат дење и ноќе по партизанска, по 8 септември.
Пешачки, црвено?
Нема тоа за нив.
Сега и овие со електричните тротинети станаа опасни по живот. И по својот и по туѓите.
Има патека тој вози ноќе без светла по пешачката. А по неа деца, мајки со колички, таа будалата на тротинет шиба, бесшумно. Додека не убијат некого. Тогаш ќе ви текне да ги регулирате. Не знаеш веќе што ќе те удри надвор. Кола, точак или будала на електричен тротинет
Ебаве башибозукот од држава“, вели Тасевски.

„1. Усмрти дете.
2. Удри во мајката на детето која имаше повреди.
3. Возеше пијан.
4. Возеше со над дозволена брзина.
5. Не застана на пешачки.
6. Не укажа помош.
7. Беше во бегство три дена.
—-
1. Неосудуван.
2. Признал вина и ја забрзал постапката.
3. Изразил каење и ветил дека нема да се повтори.
4. Неженет и без оформено потесно семејство.
Намалена казна од 18 на осум години затвор.
Народ гледа“, пишува Ландов.

„Олеснителна околност било то шо не бил женет и ветил дека нема да му се повтори?!
Што нема да му се повтори? Бегството или убиството? Или само еден ден ќе се крие следниот пат?
Од друга страна, среќа девојчево се изнаживеа, се мажи, деца имаше…кај живејме еееј“, пишува Иљче Затаркоски

На почеток