„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Арсовска бара улица во Приштина даго носи името Тодор Александров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска бара улица што ќе го носи името на Тодор Александров во Приштина, откако Втора македонска бригада е преименувана во Адем Демачи.

— реклама —

Како што соопштија од Град Скопје, денеска градоначалничката до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за враќање на името на улицата Втора македонска бригада која претходниот состав на советот ја променил во Адем Демачи, а за која Владата дала согласност за промена.

„Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог одлука, со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија. Апелирам, оваа иницијатива да не се политизира ниту пак да се злоупотребува за кревање на етнички тензии, особено поради фактот што најголемиот дел од хероите, покрај Македонци биле токму Албанци, Роми и Власи. Воедно, силно ја осудувам националистичката реторика и на косовскиот премиер Албин Курти и сакам да му предложам нова иницијатива - во Приштина улица да биде именувана по македонскиот револуционер Тодор Александров кој своевремено активно соработувал со Хасан Приштина, Хасан Бејта и Бајрам Цури во борбата против окупацијата на СХС. За оваа соработка е донесена и одлука на ЦК на ВМРО на која за контакт бил назначен Петар Чаулев", вели Арсовска.

— реклама —

Бурни реакции има откако Курти ги посети Чаир и Тетово, а таму се вееја албански знамиња и карта на Голема Албанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања