Димитров: Ни се случува башибозук, мораме да се вратиме на она „нема правда, нема мир“.
Екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека овој општ башибозук или распад на институциите води кон вакви настани, како што во Тетово и Чаир имаше непочитување на државните симболи.
Димитров во однос на ЕУ, рече дека никогаш нема да бидеме зад другите ако си ја работиме работата, ако законот важи за сите.
Тој во Вести плус на Канал 5 вечерва изјави дека ние како да изгубивме компас што е важно. Вели проблемите се огромни, лекови нема, учебници нема, правда нема, а власта зборува само за уставните амандмани.
„Чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа, тоа не е истата екипа од онаа влада во којашто бев, но јас бев на избори, давав изборни ветувања кои се многу далеку од реалност “, рече Димитров.
Вели дека мораме да се вратиме на она „нема правда, нема мир“.