Македонија

Потпишувањето на протоколот за НАТО е прашање на денови

Македонија чека сите земји членки на НАТО да добијат зелено светло од домашните власти за потпишување на протоколот за членство. Откако Грција го ратификуваше Преспанскиот договор минатата недела, Македонија е во исчекување во наредните денови да се одржи амбасадорски состанок во седиштето на НАТО, на кој треба да се потпише протоколот за нејзиното членство. Прашањето е строго процедурално, уверуваат дипломатите во Брисел.

Конкретно, протоколот треба прво да биде потпишан од сите 29 земји членки, се очекува ова да се случи на амбасадорско ниво во седиштето на НАТО, за време на состанок на Северноатлантскиот совет (познат во жаргонот како НАК) кој ќе биде свикан штом секој амбасадор добие авторизација од дома. Секоја земја членка, меѓутоа, познава различни домашни процедури.

Во некои земји членки доволно е министерот за надворешни или владата  да дадат авторизација, како што е случај со Словенија. Јелко Кацин, словенечкиот амбасадор во НАТО веднаш по ратификацијата на Преспанскиот договор во Атина изјави дека веќе добил дозвола од неговата влада да го потпише протоколот за Македонија.

Повеќе на Независен.мк

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток