Охрид

(Видео) Нова тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево: Возило е излетано од патот, друго е смачкано од ударот

Две возила се судрија на патот Охрид-Кичево, кој е во изградба повеќе години. Несреќата е во општина Дебрца, близу аеродромот. Станува збор за тешка сообраќајка, во која, едното возило марка „фолксваген“ е излетано од патот.

Второто возило, кое влечело и приколка е речици целосно уништено од предната страна. Состојбата на возачите засега е непозната.

Се вози по една коловозна лена.

Ова не е првпат годинава да настане ваква несреќа. На патот се вози брзо, но истиот не е ниту соодветно обезбеден. Десетици сообраќајки имаше од почетокот на годинава. Јавноста памети и смртен случај поради страшна несреќа поради претекнување.

На почеток