Македонија

Од 15 февруари за сите сме Северна Македонија?

Официјалната употреба на новото име Република Северна Македонија Најверојатно ќе започне на 15 февруари. Според информативната агенција Еуроактив, Грција се очекува на 8 февруари да го потпише протоколот за членство на земјава во НАТО. Потоа, во рок од 7 дена државните органи и институции, јавни претпријатија, дипломатски претставништва и конзулати треба да го употребуваат новото име и да ги сменат таблите.
Сите измени ќе се направат согласно Законот за употреба на јазиците, што подразбира дека измените на натписите ќе бидат на албански јазик на државно ниво.

Инаку денеска бугарската влада даде зелено светло за протоколот за членство на Македонија во НАТО да влезе во собраниска процедура. Пред само неколку дена, во дописот до МНР, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг порача дека Пристапниот протокол е во подготовка, кој ќе биде испратен на сите земји членки на алијансата за ратификација во нивните парламенти.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток