Универзитетскиот професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев на својот Твитер профил напиша дека Турција и Унгарија нема да ја потпишат драфт верзијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО.
“Турција и Унгарија нема да ја потпишат драфт верзијата на протоколот за членство на Македонија во НАТО! Така што Договорот од Преспа се уште е мртов, заедно и со амандманите на Уставот на Македонија. Ги потикнувам и Турција и Унгарија да не го потпишуваат протоколот. Договорот од Преспа е нелегален”, стои во објавата.
