Коментари

Правник ја искина дипломата откако почна бришење на казни од Кривичен законик во Собрание

Владата го достави до собранието предлог законот за измени на кривичниот закон со кој се намалуваат казните за делата злоупотреба на службена должност и за злосторничко здружување и предизвика остри реакции. Измените на Кривичниот законик се со „европско знаме“.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Ова е нивната европска перспектива и проевропски фронт“, пишува Умејр Мухамеди кој ја искина дипломата од Правен факултет.

Предлозите денеска се пред Комисијата за европски прашања.

На почеток