Македонија

Единствена Македонија до Мицкоски: Еве ви кандидат за претседател со кој сплотени ќе го победиме злото наречено Зоран Заев

Единствена Македонија како дел од „Македонија-Блокира„ ја поздравува и целосно ја подржува кандидатурата на Филип Петровски за претседател на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ што треба да се одржи на 16 февруари во Струга.

„Единствена Македонија застанува зад кандидатурата на Петровски водејќи се единствено од македонските национални и државни интереси да се порази злото во Македонија кое има свое име. Злото се вика марионетска власт Зоран Заев купена и контролирана од странски центар.

Филип Петровски е кандидатот кој во моментот може да го победи кандидатот на марионетската власт на Заев бидејќи ужива народна подршка не широка основа, односно, не само од членството на ВМРО-ДПМНЕ туку и од големата коалиција „Македонија-Бликира„ во која членуваат 84 организации – партии и здруженија од земјата и дијаспората. Практично, Филип Петровски е кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните.

Во овие тешки моменти за Татковината кога пучистичката власт на Заев бесмилосно руши се што е македонско, го повикуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да биде на страната на патриотските сили во Македонија, македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во странство“, велат од Единствена Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток