🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Мицкоски: Секогаш кога ДУИ е фатена во криминал, вели дека тоа е поради етничката припадност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

Неколкупати почнува таа изградба, ќе видиме како ќе се развива. Но, она што е важно да се каже е дека секогаш кога Демократската унија за интеграција е фатена во криминал или во процес за кој постои основано сомневање за криминал, таа тогаш се обидува да ја спинува целата таа процесна активност и вели дека тоа е поради етничката припадност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Свети Николе одговарајќи на новинарски прашања, каде што беше прашан за коментар за изборот на компанијата донатор на ДУИ, „Еуровија“, за главен подизведувач на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорот 8 и дел од Коридорот 10 д, на кој денес почнаа градежните активности.


— реклама —

На коментарите на власта дека нападите на целокупната јавност за изборот на фирмата „Еуровија“ дека се работи за напади по национална основа, Мицкоски рече дека криминалот нема боја, ниту етничка припадност и дека во конкретниот случај за кој постојат основани сомневања за сторен криминал се вклучени лица припадници на разни етникуми во Македонија.


Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе го истражи сето ова што се случува и за кои постојат основани сомневања за сторен криминал и ќе се погрижи за секој украден денар да се одговара пред лицето на правдата.


„Напротив, не само што тука нема етнички разлики, туку можам да кажам дека во овој криминал, за кој постои основано сомневање дека е криминал, здружени се припадници од разни етникуми во Македонија, вклучително и луѓе што се дел од македонскиот народ, албанскиот и другите етникуми во Македонија. Криминалот нема боја, нема етничка припадност и повторно ви кажувам дека сето ова што се случува ќе биде сериозно истражено од страна на следната влада на ВМРО-ДПМНЕ и еден фенинг, еден денар да е украден, верувајте ми на зборот дека тој што тоа го сторил, ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања