🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Како средношколскиот прирачник за хетеросексуалност стана прирачник за дезинформации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-09-14-at-20.32.17

Во далечната 1972 година, Мартин Рошлин, пионер во полето на геј-афирмативната психотерапија, објавил прирачник со кој сакал преку пародија да ги долови сите предрасуди и стереотипи за хомосексуалците. Така е создаден „Хетеросексуалниот прирачник“ (The Heterosexual Questionaire) во седумдесетите години, кој на некој начин, само со погрешна интерпретација, се наоѓа во македонското образование, во работните листови за учениците од средните училишта – Образование за животни вештини, објавени уште во 2011 година од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Мета“.

— реклама —

Дванaесет години подоцна, односно денеска, овој прирачник стана главна тема со жестоки реакции на социјалните мрежи, а во Струмица „Родителски фронт“ организира информативен собир, против, како што велат, родовата идеологија во наставните содржини во основното и средното образование. Нејасно останува како овие работни листови се актуелизираа токму сега, a реакциите не згаснуваат и покрај објаснувањата и демантот од Бирото за развој на образованието (БРО).

Вистината за овој прирачник е малку поинаква од она што се презентира во јавноста. Имено, во работните листови, во делот каде што стојат прашањата за хетеросексуалците, набројани се следните:

— реклама —

Што сметате дека ја предизвика вашата хетеросексуалност?

Кога и како прв пат сфативте дека сте хетеросексуалец/ка?

Дали е можно вашата хетеросексуалност да е само фаза којашто ќе ја надминете?

Дали е можно вашата хетеросексуалност да потекнува од страв од истиот пол?

Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?

Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?

Зошто вие хетеросексуалците се обидувате да ги натерате сите да бидат со вашата сексуална ориентација?

Зошто мора насекаде да ја промовирате вашата хетеросексуалност? Нели може само да бидете она што сте без врева?

Оригиналните прашања во „Хетеросексуалниот прирачник“ и овие во македонските работни листови се идентични, но во работните листови поентата е сосема погрешно интерпретирана и вметната во материјалот.

Целта на авторот на оригиналниот прирачник, како што може да се види од голем број описи на истиот, е преку одговарање на незгодни прашања, хетеросексуалците да се стават на местото на хомосексуалците, за да можат да разберат како им е ним кога се соочуваат со прашања од различен тип и не се прифаќаат од општеството.

Повеќе

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања