Македонија

(ФОТО) Под кое име нашата држава ќе го потпише пристапниот документ за НАТО, Северна Македонија или Скопје?

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку неговиот профил на „Твитер“ соопшти дека на 6-ти февруари ќе биде потпишан пристапниот документ за членство на Македонија во Алијансата. Но, под кое име Р Македонија ќе биде? Северна Македонија или Скопје?

 

 

Церемонијата на потпишувањето ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел. По потпишувањето на пристапниот протокол, секоја од земјите членки на НАТО ќе треба да го ратификува членството на Македонија. Се очекува оваа процедура да заврши кон крајот на годинава или почетокот на следната година, со што Македонија официјално ќе стане членка на НАТО откако сите 29 членки ќе го ратификуваат протоколот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток