🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Нови обвинувања за Груевски: Дали бараше да мислат со своја глава кога им наредуваше да ме егзкутираат?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
kekenovski-gruevski

Политичкиот аналитичар, Јове Кекеновски му постави низа прашања на експремиерот Никола Груевски, кој се жалеше дека неосновано е напаѓан. Кекеновски го обвини Груевски дека наредил и негова езгзекуција.

— реклама —

Ставот на Кекеновски во целост:

„Преку неговата Фб страница Никола Груевски во одговорот на Х. Мицковски меѓу другото на членството му го порача и следново: „Неочекувано за мене ме нападнаа и обвинија, а од денес е јасно дека водат однапред подготвена кампања против мене, дека наводно сум подготвувал соработка со власта на штета на партијата и нацијата... На членовите на партијата, активистите и сите во раководството им порачувам да не наседнуваат на вакви погубни стратегии, да размислуваат со своја глава, да бараат цврсти докази кога ги тераат некого да осудат на невидено, за да не се еден ден во ситуациија да се извинуваат и да се правдаат, дека биле прелажани, дека слепо некому верувале, дека сега им е криво, не ги знаеле добро работите или слично“.

— реклама —

• Ја користам оваа прилика јавно да го прашам Груевски како ми беше мене кога тој и неговите слуги ме прогласија за непријател бр 1 на партијата и државата (без никакви докази само по негова лична воља) кога барав само демократија во партијата и се борев против криминалците во нашите редови?

• Како ми беше мене кога на Конвенцијата за кандидат за претседател на претседателските избори во 2013 година даде наредба никој да не смее да гласа за мене, туку за твојот кандидат Иванов?. Дали тогаш бараше делегатите на Конвенцијата да размислуваат со своја глава или да ја исполнат наредбата?

• Како ми беше мене кога им нареди на твоите слуги да ме местат за наводно мито?. Дали тогаш бараше да мислат со своја глава или им наредуваше да ме наместат, а подоцна ме ,,егзекутираат"?

• Како ми беше мене кога и покрај тоа што мојот син кој конкурираше за директорска позиција во една јавна институција и беше прворангиран од партиската комисија го елиминара како неподобен само заради тоа што е мој син?. Размислуваа со своја глава членовите или ти беше тој кој нареди да го елиминираат од листата?.

• Како ми беше мене кога мојата сопруга која со години работеше во Телеком (пред ти да дојдеш на било каква позиција,) ја деградираа на најниската можна позиција во Телеком само за да го напушти Телеком? Размисливаа ли си своја глава одговорните или ти и твојот братучед Сашо им наредивте да ја деградираат на најниска можна позиција, само мене да ми се осветите за мојата принципиелност и наводна бунтовност

* Како ми беше мене кога и нареди на сега покојната градоначалничка на една скопска општина да му го раскине договорот за дело на мојот втор син иако тој таму работеше и беше примен од претходниот градоначалник М.Ѓ.

• Како ми беше мене кога нестатуратно им нареди на слугите од ОК Бутел да ме исклучат од партијата без никаква процедура, небарем се работеше за АД во кој ти беше доминантен сопственик, а не за политичка партија која има свој Статут и други акти и процедура?

• Бараше ли некогаш кога беше на позиција некој да мисли со своја глава или само бараше елиминација на ,,своеглавите’’ (читај достоинствени) и чесните како мене?

• Ќе се извиниш ли Никола за обвинувањата и дејствијата без докази и за тоа што ги тераше членовите слепо да извршуваат твои наредби наместо да мислат со своја глава?. Исто онака како што бараш сега.!?

• Ќе се извиниш ли за тоа што бараше без никакви докази да осудат некого на невидено?.

• Имаш ли сега грам грижа на совест за тоа што го правеше бидејќи читам дека сега бараш од членовите никому да не веруваат за да не им биде криво во иднина?.

Дали тебе ти е криво Никола за стореното зло?

Никола многу си помлад од мене ама додека си во егзил си морал нешто да нучиш. Кој „меч' кренал на друг, од меч загинал“ или уште подобро ,,Не им го прави на другите она што не сакаш тебе да ти го прават“ - ако воопшто е така како што пишуваш???!!!“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања