„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Пријател на Груевски сведочи: Сопствената слобода ја ризикував, од мене бараше средби со власта за Кривичниот законик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
xjqyvvxxqmxfrlgkenow

Активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајковски, кој по бегството го посети Никола Груевски во Будимпешта, за првпат открива детали околу нивната средба. Тој открива дека експремиерот го терал да остварува средби со претставници на власта за измените на Кривичниот законик.

— реклама —

„Го гледам вклучувањето на мојот пријател, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Инфомакс. Многу жалам што она што го напишав во отвореното писмо пред некој ден ми се потврди, дури сега сум повеќе загрижен и од тогаш. Почитуван Никола, дали тоа што го кажуваш во емисијата можеш да ми го кажеш и на мене, гледајќи ме во очи? Дали Никола можеш да негираш дека од мене бараше да направам средби со преставници од власта на кој ќе зборуваме за измени на Кривичниот законик? Жално Никола, жално. Ти верував толку години, сопствената слобода многупати ја ризикував верувајќи дека помагам на човек кој се мачи за Македонија, ама од ден за ден моето разочарување е се поголемо. Што ли уште ќе слушнам од тебе Никола? Што ли уште ќе ме изненади? Очигледно длабоко си влезен во играта и не можеш да излезеш. До кое дереџе падна пријателе мој. Од голем водач на македонскиот народ, стана инструмент во рацете на власта..“, напиша Трајковски.

Александар Трајковски во Будимпешта беше фотографиран со избеганиот осуден премиер Никола Груевски, тврдеше дека бил во Унгарија на специјалистички преглед за синусите и дишните патишта.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања