„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Не се изгласани парите за ЈСП, хаосот е најавен и од директорот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
jsp

„Со жалење морам да соопштам дека непринципиелната коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Советот на град Скопје денес уште еднаш докажа дека работи исклучиво во корист на личните и партиски интереси и на штета на граѓаните“, вели в.д. директорот на ЈСП, Крсте Петревски.

— реклама —

Тој додава:

На денешната седница на Советот на град Скопје за ребаланс на градскиот буџет, претставниците на овие две политички партии, свесно решија да се обидат да предизвикаат хаос во јавниот градски сообраќај.

— реклама —

Имено, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денес со амандман на ребалансот на буџет заеднички не ги изгласаа предвидените средства за сервисирање на редовните потреби на ЈСП со што свесно се обидуваат да предизвикаат застој во Јавниот сообраќај.

Се уште очекуваме Владата на СДСМ да ги подмири своите финансиските обврски кон ЈСП за бесплатен превоз за студентите со што намерно и смислено оваа непринципиелна коалиција работи на предизвикување на проблеми за граѓаните онаму каде што ги нема. Штетата ќе ја трпиме сите ние, граѓаните на градот Скопје.

Јас како директор на ЈСП, нема да дозволам оваа непринципиелна коалиција да предизвика застој на јавниот превоз, и да ги остави чесните вработени во претпријатието без плата, но граѓаните мора да знаат кој работи во нивна корист, а кој работи на штета на скопјани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања