„Обезбедивме подобри услови за учениците во подрачниот објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј.
Со средства од буџетот на Oпштина Охрид извршено е комплетно уредување на влезот во училиштето, поставена е пристапна рампа за лица со посебни потреби и извршена е реконструкција на училишните тоалети.
Продолжуваме во континуитет да инвестираме во образовните институции и да ги осовременуваме условите за настава“, објави Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.