„Екипи на ЈП „ВОДОВОД“ започна со изведба на нова водоводна линија на крак во населбата Рача.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 164 метри.
Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на партерно уредување на крак од улицата „Марко Цепенков“. Се поставуваат бехатон плочки со што се подобруваат условите на жителите од тој дел“, напиша Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.