🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Ниту злоупотреби, ниту виновници - паднаа „Делчевски ниви“, афера поврзана со ЕВН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за запирање на истражната постапка против седум лица во случајот познат како „Делчевски ниви”.


— реклама —

Од скопското Обвинителство објавија дека постапката е запрена поради сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН.


„Во текот на истражната постапка, членовите на Управниот одбор го сменија својот исказ и изјавија дека откако ги разгледале прибраните докази сметаат дека не биле доведени во заблуда и не биле измамени од осомничените во поглед на постапката и дека повторно би го одобриле купувањето на предметниот имот. Членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје именуван од страна на Владата изјави дека правното лице не е оштетено преку дејствијата на осомничените и дека во случајот нема незаконита исплата. Имајќи ја предвид изјавата на застапникот и воедно заштитникот на државниот капитал во правното лице ЕВН Македонија АД Скопје, која во конкретниот случај е круцијална за докажување на заблудата како обележје на кривичното дело, јавниот обвинител во предметот донесе одлука за запирање на истрагата“, велат од ОЈО Скопје


Предметот се однесуваше на купување земјиште од ЕВН Електрани за изградба на фотоволтаични централи, кое било платено 40-тина пати поскапо од реалната пазарна цена. Осомничени за измама беа двајца управители од компанијата Мирослав Митровски и Игор Гиевски, како и уште пет други лица кои се гонеа за помагање. Како што претходно беше објавено, Митревски и Игор Гиевски како управители ги потпишале договорите за купопродажба на земјоделското земјиште во Делчево што ги купила компанијата ЕВН. Преговорите за купопродажба ги почнале уште пред тројцата продавачи на земјиштето, физички лица блиски на ВМРО-ДПМНЕ, да станат негови сопственици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања