🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Мицкоски: Германскиот „Фац“ до срж ја разголе пирамидата на криминалот што функционира во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“, беше во посета во општина Зелениково и запрашан за коментар на германскиот „Фац“ истакна дека овој весник „до срж практично ја разголе пирамидата на криминалот што функционира во Македонија“.


— реклама —

„Германскиот реномиран весник „Фац“ до срж практично ја разголе пирамидата на криминалот што функционира во Македонија и кога ние алармираме 6 години дека ова се случува, за жал, и од страна на одредени европски политичари тоа наидува на игнорирање“, потенцира Мицкоски.


Во врска со ова овој проблем, укажа дека тој треба да се реши, а тоа ќе биде преку промени што ќе донесат една нова иднина, политичари со план и визија како да ја развиваат Македонија.


„Проблемот станува сè подлабок и потежок за решавање и тоа е наш проблем и треба ние да си го решиме. Како ќе го решиме? Се знае – со промени. Затоа е важно за неколку месеци од денес да направиме промени што ќе донесат една нова иднина, политичари со план и визија како да ја развиваат Македонија. Во спротивно, ќе продолжиме да тонеме во криминал и политичка корупција, што ја гледаме 6 години и од ден на ден станува сè поакутна и би рекол алармантна, се доведува во прашање непостоењето на системот, тука постоењето на државата“, додаде Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања