Скопје

(Видео) Пожар во близина на скопското Кале, густ чад го надвисна Скопје

Пожар изби во близина на скопското Кале. Засега, нема информации што е запалено. Густиот чад се гледа од повеќе делови на Скопје.

„Скопје1“ побара информации од надлежните институции, од каде очекуваме одговори.

Од фотографиите, се гледа дека пожарот зафатил поголема површина.

Фото: Скопје1/Владимир Вељаноски

На почеток